Под мотото “Сите заедно, насекаде” и во присуство на претседателот и раководството, Партијата за движење на Турците (ТХП) одржа граѓанска средба во Охрид.
Пред охриѓани се обрати генералниот секретар на ТХП Илхан Рахман, кој меѓу другото, зборуваше за реализираните проекти од изборната програма на ТХП која беше инкорпорирана во владината програма.
Во Охрид свое излагање имаше и претседателот на ТХП, Енес Ибрахим кој се осврна на образовните, економски и социјални политики кои беа воведени во изминативе години. Ибрахим истакна дека и на претстојните парламентарни избори ТХП ќе учествува со подготвена политичка програма, а при креирањето на истата приоритет ќе имаат идеите и предлозите на граѓаните.
OhridNews













