Почитувајки ги слободарските традиции на македон- скиот народ и оддавајќи почит на македонските поборници за слобода и мир, како служба, неуморно ја продолжуваме нашата мисија за заштитата и унапредување на човековите права и слободи. Бескомпромисно се бориме со сите видови и форми на криминалитет преферирајки проактивен пристап и соработка со граѓаните, се наведува во честитката од СВР Охрид по повод Денот на мекедонското востание.

Честитки по повод празникот и од општинската НСДП .

– Со победата на фашизмот,нашата земја доби можност рамноправно да застане помеѓу  слободните нации на Европа и светот .Чествувајќи го овај празник им одаваме почит на сите оние кои загинаа сакајќи нивните поколениа да живеат во слободна инезависна Република Македонија, велат од НСДП.

11 Oктомври го честиташе и ОО СДСМ Дебарца.

„Ако ги подре­ду­ваме нај­зна­чај­ните датуми во нашата исто­рија, тогаш  11-ти окто­мври се наоѓа во самиот врв и е само потврда на желбата на маке­дон­скиот народ за сопствена држава.

На овој ден, пред  72 години, Маке­дон­ците решија дека нема да дозво­лат повеќе никој да им ја одземе сло­бо­дата. При­леп и Кума­ново како гра­дови херои ни дадоа сила на сите и ни пра­тија порака дека со скр­стени раце сло­бода не се зара­бо­тува. Од тој момент започна да ста­нува реа­лна иде­јата за сло­бодна Македонија.  Во тие тешки времиња, Македонците ја одбраа страната на слободата  рамо до рамо заедно со сите народи кои храбро му застанаа на патот на фашизмот како најголема закана за човештвото.

Кога доаѓа овој ден треба да се пот­се­тиме на пле­ја­дата маке­дон­ски борци кои ни ја доне­соа толку поса­ку­ва­ната сло­бода и држава. Борци кои ни ово­змо­жија нам денес да живе­еме сло­бодно. А, сло­бо­дата е нешто од кое ниту еден човек не сака да се откаже.

Оттука и голе­ми­ната на овој ден.

Должност и обврска, на сегашните и идните генерации е да ги чуваме и негуваме овие придобивки, слободно и рамноправно да одиме по патот на европските и евроатланските интеграции како врвен приоритет во развојот на македонската државност, а од општина Дебарца да направиме просперитетна општина.

 Нека ни е честит денот на воста­ни­ето!“ – стои во празничната честитка на ОО СДСМ – Дебарца.

OhridNews