
-Вакви будалштини одамна не сум слушнал. Вие сакате да ја вратите атмосферата од 2001 година. Не треба да има дилема за ова прашање. Дали гледате дека албанскиот политички блок е обединет. Нема да дозволиме мајоризација на Албанците, рече Зијадин Села, ДПА.
-Ние имаме обврска да им се одолжиме на бранителите. Тргнете ги суетите. Донесовме закон за амнестија, ги амнестиравме и хашките случаи. Зошто сега правите проблем за некој кој ја бранел државата, реплицираше Веле Ѓорѓиевски.
-Ова ќе биде долга битка, но на крајот ние ќе победиме. Оваа работа нема да донесе добро,престанете со вашите кукавички и бедни постапки рече Џевад Адеми,ДУИ.
Радмила Шекеринска смета дека законот не е антилабански ниту спротивен на Рамковниот договор. За неа спорен моментот и времето во кои тој се носи.
И НДП нема да го подржи законското решение. Изет Зеќири ги повика партиите на Албанците да престанат со правењето театри и глумата дека водат грижа за борците од ОНА.
Извор:Тв Телма












