
ОК ВМРО ДПМНЕ директно ги прозва локалната и централната власт на СДСМ дека не ги почитува правата на вработените во образованието и дека е загрозена нивната егзистенција, но и достоинство. Наставниците и професорите немаат друг извор за егзистенција, ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се исплатат платите, вели партискиот портпарол Перчо Божиноски.
Дали за пратеничката Жаклина Лазаревска како просветен работник значи да се има посебно чувство за образованието е ваквиот срамен чин? Ова ли се тие европски вредности и принципи? Блокираната исплата е поврзана со одлуката за утврдување на вредноста на бодот за платите на административните службеници во образованието потпишана од градоначалникот Стојаноски април годинава. Пресметките за платата која треба да се врши според Колективните договори за средно и основно образование, а не Законот за државни службеници се спроведува скоро половина година. Кој ќе одговара за недоследностите околу пресметките за месечен надомест за админитративните службеници во образовните институции?
ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид

СДСМ уверува дека за оваа грешка најмалку се одговорни Министерството за образование и наука и пратеничката Жаклина Лазареска која од неодамна е претседател на парламентарната Комисија за образование, наука и спорт. ОК на ВМРО ДПМНЕ од Охрид премолчува дека и нивните советници гласале ЗА одлуката, што е факт и лесно може да се провери, а не МОН, Лазареска и градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски да се повикуваат на одговорност за тоа. Во рамките на своите ингеренции СДСМ и надлежните потегнаа проверка на фактичката состојба за што побрзо да се лоцира и реши проблемот. Грешката е направена а штетата ја трпат сите вработени во основните и средните училишта во општина Охрид.
ОО СДСМ – Охрид
СДСМ апелира во иднина да се внимава и при донесување на одлуките да се почитуваат законите и Колективните договори кои се во сила и со кои се регулираат правата и должностите на вработените не само во образованието, туку и во сите други области, за ваквите состојби да станат минато.
OhridNews











