Од општинската СДСМ и СДСМ Дебрца на сите верници од христијанска вероисповест им ги честитаат Велигденските празници,, посакувајќи им мирен и спокоен живот, добро здравје и неизмерна среќа.
– Во миговите на чествувањето на најсветите и најдлабоките традиционални и духовни вредности, да им се восхитуваме на вистинските вредности и на вистинските луѓе околу нас, што им даваат смисла на нашите животи. Во овие свети и велики денови, нека нашите мисли бидат посветени на меѓусебната бескрајна почит и разбирање, на споделувањето на среќата и радоста со најблиските и на љубовта и грижата кон најблиските и најсаканите, стои во честитката од СДСМ.
Воскресението Христово Велигден го честитаат и од ОК на ВМРО- ДПМНЕ Охрид и Струга.
– Ова се денови во кои се празнуваат искрените вредности, љубовта и силната верба кои треба да не водат низ животот. Овие денови на празнување се симболика на градење вистински хуманизам и искрено достоинство за љубов и соживот со сите, да живееме во мир и хармонија, споделувајќи безусловна љубов со ближните, се наведува во велигденската честитка од ВМРО-ДПМНЕ.
OhridNews