Партијата за движење на Турците во Македонија, синоќа донесе одлука да ги бојкотира претстојните локални избори поради политичката криза предизвикана од настаните на 24 декември.
Според оваа одлука, партијата и натаму ќе остане дел од Сојузот за иднина. „Одлуката за бојкот е преседан во нашата партиска историја, но е последица на политичката криза предизвикана со настаните од 24 декември. Единството меѓи парнерите во коалицијата Созјуз за иднината, сега е уште позацврстено.“ – пишува во соопштението.
Од оваа партија, посочуваат дека во заштита на државните интереси ќе се продолжи изнаоѓање на решение за излез од актуелната тешка политичка криза.
OhridNews