Изборот на идниот градоначалник на Охрид ќе го одлучи партиската припадност и личните квалитети сметаат охриѓани. Според нив моќта на партиите сеуште е одлучувачки фактор, иако високо се ценат и личните квалитети на кандидатите.


Партиската припадност одлучувачка или?

На анкетното прашање на „Ohridnews“  – „Што ќе го одлучи изборот на идниот градоначалник?“, 40% одговориле дека тоа ќе биде партиската припадност, а 34% сметаат дека тоа ќе бидат личните квалитети на кандидатите.

Партиската припадност и личните квалитети на кандидатите се подеднакво битни за 15% од анкетираните граѓани, а 11% од нив сметаат дека одлучувачко за изборот на идниот градоначалник на Охрид ќе биде понудената програма.

Во анкетета учествува 1140 читатели на „Ohridnews“.

Ohridnews