Со бројни активности, предизборно, ограноците на политичките партии во Охрид и Дебарца го одбележаа празникот на жената.

По повод 8ми март, Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ Охрид спроведе активност во Специјалната болница за ортопедија и траумотологија „Св. Еразмо“ Охрид, каде  припадничките на понежниот пол добија симболични подароци.

Форумот на жени на Општинската организација СДСМ-Дебарца на Денот на жената ги посети домовите на жителите во населените места во општината, а постарите припадничките на понежниот пол добија симболични подароци.

Унијата на жените на ОО Гром Охрид, 8-ми Март го прослави со забава, која, како што истакнаа од партијата била скромна,  но затоа богата со добро расположение. Претседателот на ОО Гром Охрид, Љупчо Настоски, на сопартијките им подари цвеќе.

OhridNews