Фудбалерите на Партизан го освоија трофејот во Купот на Србија совладувајќи ја Црвена Ѕвезда со 1-0 (1-0) во финалето кое се одигра на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград.

„Црно белите“ погодокот кој им донесе титула во националниот Куп го постигнаа во 14-та минута преку Бојан Остојиќ. „Црвено белите“ притиснаа, но не најдоа начин да го совладаат голманот на Партизан и не успеаја да ги обединат титулите во Србија. Црвена Ѕвезда триумфираше во шампионатот.

За Партизан ова е 16-та титула во клупската историја.

OhridNews