Српскиот фудбалски шампион Партизан ги повика своите навивачи и симпатизери во Македонија да се откажат од евентуалната намера да присуствуваат на натпреварот со Шкендија, што ќе се игра во вторник.


Партизан преку соопштение им порача на навивачите во Македонија да не се упатуваат кон скопскиот стадион во вторник, ниту да купуваат билети за натпреварот.

„На овој начин им се обраќаме на навивачите и симпатизерите во Македонија свесни дека можеби тие најмногу од сите навивачи на Партизан го чекаа доаѓањето на нивниот омилен клуб. Ги молиме да се откажат од евентуалната намера да присуствуваат на мечот“, се наведува во соопштението на клубот.

Истовремено Партизан ветува дека ќе чека поволен термин и место за да им се претстави и заблагодари на своите многубројни симпатизери во Македонија.  Партизан се одлучи на ваков чекор, откако УЕФА ригорозно забрани да се носат гостински навивачи на двомечот Партизан-Шкендија.

На првиот натпревар, во кој белградскиот клуб на домашен терен оствари победа од 4:0, не беа присутни навивачи на тетовскиот клуб.

Ohridnews
“извор Макфакс“