Екипите на Партизан и Црвена Ѕвезда ги поделија бодовите во 158-то  „вечно“ дерби ремизирајќи 1-1 во рамките од деветтата рунда на Првата лига во Србија.

„Црно белите“ поведоа во дербито со голот на Рикардо Гомес во 33-та минута, а „црвено белите“ преку Ричмонд Боачи во 73-та минута погодија за 1-1 и обезбедија бод на дерби средбата во Белград.

Ремито од дербито оди во прилог на Црвена Ѕвезда која ја задржа предноста од два бодови пред Партизан на врвот од табелата.

OhridNews