Фудбалерите на Партизан одново се шампиони во Србија триумфирајќи пред лутиот градски ривал Црвена Ѕвезда.
„Црно белите“ до 26-та титула во историјата стигнаа со победата (2-0) против Напредак на теренот од противникот.
Со освојувањето на првото место во Супер лигата екипата на Партизан обезбеди место во квалификациите во Лигата на Шампиони.
Второпласираната Црвена Ѕвезда и третопласираниот Чукарички ќе бидат дел од Лигата на Европа следната сезона.
Ohridnews