Адвокатот на Паско Кузман, доскорешниот директор на Управата за заштита на културно наследство, поднел приговор на обвинението со кое Кузман се товари за злоупотреба на службената положба и овластување, пишува „Утрински весник“.

„Приговорот е испратен до судот. Побарав постапката против Кузман да биде издвоена како посебна, со оглед на тоа што мојот клиент одговара за злоупотреба на службената положба и овластување, а не е во никаква врска со другите обвинети кои се товарат за други кривични дела. Кузман е обвинет за дадени две согласности за ископувања“, вели за „Утрински“ бранителот на обвинетиот Паско Кузман, адвокатот Александар Новаковски.

Тој појаснува дека постапката која сега се води против Паско Кузман не е со нова кривична пријава, туку дека таа уследила по проширувањето на истрагата што се водеше за случајот „Фаланга 2“.

OhridNews