Триесетдневен домашен притвор му изрече судот на директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман.

Тој утрово беше приведен под сомнение дека извршил злоупотреба на службената положба и овластување.

Како што соопшти МВР, Кузман се сомничи дека нелегално издавал дозволи за истражувања на археолошки локалитети и го оштетил министерството за внатрешни работи за 1,2 милиони денари.