28 екип поделени во 8 групи ќе се натпреваруваат на 9 меморијален турнир во мал фудбал “Стефан Толески“.  Организаторите се задоволни како од одзивот на екипите , така и од квалитетот на натпреварите кои се одиграа во неколкуте воведни денови.


Каса дел Папа

– По одиграните натпревари во групите следуваат осминафиналните натпревари. По одигрувањето на осминафиналните мечеви кои се елиминациски, се формираат две четвртфинални групи каде ќе се игра по принципот “секој со секого“. Најдобрите две првопласирани екипи од тие групи ќе играат во полуфиналето – објаснува техничкиот директор на турнирот Лазе Толески.

Група А : Вис Пој, Аполо, Каса Дел Папа, Премиер Пештани

Група Б : Бекче, Враништа, Експрес Димакс, Инекс Горица

Група Ц: Џале Турс, Ресторан Елен, Премиер Рача, Бале Турс

Група Д: ГП Ремис, Сатеска, Вила Милан, Хотел Тино

Група Е: Ресторан Драга и Јовче, Винковачка 13, Таверна Окарана

Група Ф: Бел Мерцедес, Дооел Соцка, ГП Малче

Група Г: Жито Леб, Бакарди, Ресторан Липа

Група Х: Брник, Пит Бул, Коњско.

Осминафинални двојки:
Првопласиран А – Второпласиран Б
Првопласиран Ц – Второпласиран Д
Првопласиран Е – Второпласиран Ф
Првопласиран Г – Второпласиран Х

Победниците во овие натпревари ќе ја формираат првата четвртфинална група А.

Првопласиран Б – Второпласиран А
Првопласиран Д – Второплаиреан Ц
Првопласиран Ф – Второпласиран Е
Првопласиран Х – Второпласиран Г

Победниците во овие натпревари ќе ја формираат првата четвртфинална група Б.

Полуфинале:
Победник од четвртфинална група А – Второпласиран од четвртфинална група Б.
Победник од четвртфинална група Б – Второпласиран од четвртфинална група А.

Фаворитите по план на турнирот во мал фудбал “Стефан Толески“

Ohridnews