Претпријатието концесионер на Охридското езеро, „Пастрмка 2012“, почна со продажба на сите видови дозволи за рекреативен риболов за 2014 година.

Дозволите можат да се набават во просториите на „Пастрмка 2012“, во старите бараки Гранит и во рибарницата во Струга.

Цената на еднодневна дозвола изнесува 150 денари, на седумдневна дозвола 350 денари, петнаесетдневна 550 денари, годишната  дозвола чини 1100 денари, за блинкер 600 денари, годишна пловен објект 2000 денари и еднодневна пловен објект 300 денари.

OhridNews