Во издание на ПНВ Публикации од Скопје излезе новата, четврта книга есеи од Славе Ѓорѓо Димоски „Пат покрај патот“.  Книгата има пет циклуси во кои се помесетени дваесет есеи на различни културолошки теми, но јадрото на книгата го сочинуваат потописни есеи инспиративно поттикнати од неговите патувањата во повеќе земји.

Во оваа книга се прави синтеза помеѓу два жанра: патописот, во кој се забележани впечатоци од остварени патувања и есејот како жанр кој овозможува и своевиден поглед на виденото, доживеаното, но и оставени цивилизациски траги во времето. Другите есеи се на култоролошки теми кои предизвикале интерес кај авторот во последните петнаесетина години. Во последниот дел се претставени две подолги инервјуа именувани како интервјуа-есеи во кои се образложени поетичките погледи на Ѓорѓо врз сопственото поетско творештво.

Славе Ѓорѓо Димоски е автор на повеќе поетски книги за возрасни и деца. Деветнаесет книги се преведени на различни јазици. Добитник е на повеќе домашни и меѓународни награди и признанија, и е застапен во сите релевантни антологии на македонската поезија објавени по 1982 година.

OhridNews