Презентирана ГИС платформата на недвижно културно наследство и археолошки локалитети на Охридскиот регион. Платформата е изработена во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите за управување со културното наследство на Oхридскиот Rегион: Обука за развој на бази на податоци и ГИС-платформа за недвижно културно наследство за Заводот и музеј –Охрид“. Станува збор за две годишен проект кој го спроведува НУ Завод и Музеј Охрид по повик од УНЕСКО за меѓународна асистенција на која аплицираше Министерството за култура и Националната комисија за УНЕСКО во Скопје.

Станува збор за околу 160 заштитени објекти, но со понатамошното анализирање на сите објекти ќе видиме колку точно од нив се во границите на УНЕСКО. Имаме и голем број преку 350 евидентирани археолошки локалитети кои сега не знаеме точно дали се во границите на УНЕСКО или надвор. Како Завод за заштита на културното наследство се грижиме за заштитата на истото по приоритет. Тука се сакралните објекти, цркви, џамии… кои се од голема вредност и се инвестира повеќе. Не можеме да кажеме за другите критики, за претераната урбанизација, нарушување на панорамата на регионот на градот, но од наш аспект што се однесува на конзервацијата на културното наследство мислам дека се во ред, вели Патчев.
Посочува дека една од поентите која била нагласена од страна на УНЕСКО е соработката со албанската страна која исто така е дел до Охридскиот регион заштитен како природно и културно наследство.
Како институција сконцентрирани сме на новиот елаборат за ревалоризација на Охридскиот регион. Токму оваа ГИС платформа ќе ни помогне во додефинирањето на идниот елаборат. Тој е еден од условите кој нашата институција го има од страна на Комисијата на УНЕСКО кој треба да се заврши следната година и верувам дека брзо ќе се заврши. Истиот ќе помогне во иднина за изработка на нов Закон за управување со Охридксиот регион како и нов План за управување, вели Патчев.

Меѓутоа границите на Охридскиот регион се многу помали од нашата надлежност. Кога ние имаме евиденција за културното наследство за цела област која ја покриваме секогаш треба да правиме посебно евиденција за објекти кои се внатре во границите на Охридскиот регион. Со оваа ГИС платформа го решаваме тој проблем бидејќи веднаш ќе знаеме кои објекти од каков тип на заштита се, од кој период припаѓаат, дали се во граници на УНЕСКО или не. Исто така имаме евидентирано објекти и од албанска страна, додаде Панчев.
Рајн Епик, архитект конзерватор, посочи на природните убавини и културното наследство кое го има Охрид, но и на специфичноста за управување со истото.
Од аспект на управување се работи за прекугранично добро кое припаѓа и на Албанија и на Македонија што го прави управувањето уште посложено, поспецифично и сметам дека оваа ГИС платформата ќе помогне за подобро управување. Нашата мисија и цел е во рамки на еден проект, донаторство од УНЕСКО за техничка меѓународна асистенција, да помогнеме за подигање на капацитетите за користење на ГИС платформата и средување на документацијата по европски стандарди. Во заштитата на културното наследство клучно е управувањето со истото. Се работи и за управување кое треба да биде прекугранично и од страна на Албанија и Македонија, вели Епик.
Стандардите за управување, конзервација, контролирање на развојот…, додава, се друг сегмент.
Знаеме дека туризмот се развива и тој е добар зошто носи економски бенефит, но и создава одредени начини кои го загрозуваат наследството. Фокусот треба да биде на квалитетен туризам, во согласнот со природата и културното наследство. Изнаоѓањето на можности за други форми на одржлив туризам и развој е клучен за Охрид, поготово од аспект што сегашниот масовен туризам создава одредени проблеми, потенцира Епик.

Н.С.Ј.
фото. А. Момироска















