Дел од селата во струшко и по изминат еден месец од обилните снежни врнежи и понатаму се отсечени од останатите населени места.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи, освен патниот правец кој води до селото Збажди, останатите патишта до селата во Малесијата Локов, Буринец и Селци и понатаму не се проодни.

Не е исчистен и патниот правец кој води до селото Горна Белица , засега проодно е само до селото Вишни. 

OhridNews