Како што информираат од Центарот за управување со кризи, во чистењето на снегот на патниот правец од село Ботун кон селата Белчишта, Лешани, Велмеј и Брежани денес била ангажирана и градежна механизација од страна на општина Дебрца. Патот кој е во надлежност на ЈП „Македонија Пат“ секција Охрид, днес нема да се чисти од страна на јавното претпријатие поради ангажираноста на нивните служби во  расчистувањето на магистралниот патен правец Охрид – Кичево и пробивањето на превојот Пресека.

Во општина Дебарца непроодни се  патните правци за селата Турје, Мраморец и Црвена Вода.

Во општина Струга, непроодни се патните правци за селата Вишни, Горна Белица, Луково, Безево, Пискупштина, Нерези, Модрич, Дренок, Бороец и Јабланица, како и селата во Малесијата : Присовјани, Збажди, Ржаново, Локов, Селци и Буринец.

Лавините од помали размери кои се појавија на патниот правец Струга – Дебар се пробиени со помош на механизација во сопственост на фабриката за гипсени производи Кнауф од Дебар, додека на одредени делници на овој патен правец сообраќајот може да се одвива само по една коловозна лента, а се прават и „џепови“ за разминување на возилата.

OhridNews