Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива забавено, по влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на сите планински превои, информираат од АМСМ. На патните правци Кичево-Гостивар и крак Маврово-Дебар укинати се забраните за тешки товарни возила.

Се препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. На делниците низ клисурите и на повеќето мостови долж речните текови има појава на утринска магла и се препорачува прилагодена брзина на движење. Поради ниските утрински температури на повисоките и осојничави места можна е појава на голомразица.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Потсетување до сите возачи дека од 15.11.2012 година стапи на сила законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска трае до 15.03.2013.

OhridNews