Британскиот авион Даглас ДЦ6 станал ресторан, јавуваат британските медиуми. Првиот преуреден авион во ресторан ќе биде воден од готвачот Тони Каунц. Во авионот е сместен бар позади кој гостите можат да се послужат со вина и други пијалоци, а јадењата можат да се нарачаат по многу примамливи цени. Ресторанот има капацитет за 40 лица, а бил отворен пред две седмици.


Неговата внатрешност е уредена во стилот на старите авиони. На секоја од масите има копче со кое можат да се повикаат келнерите, а претходни истите копчиња служеле за повикување на стјуардесите. Дури и јадењата кои се наоѓаат на менито на ресторанот носат имиња поврзани со авијацијата. Авионот е стар повеќе од 50 години, а можел да превезува 92 патници преку Атлантикот. Подоцна бил пренаменет во товарен авион со кој најчесто се превезувале тркачки коњи.