Денес и во деновите од викендов нема да се извршуваат предвидените активности за реконструкција на патниот правец „Дервен-Царина“ (преку Галичица) односно патот ќе биде прооден и отворен за посетители информираат од ЈУ Национален парк Галичица.

Сообраќајот на патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица од 18.08.2022 до 12.09.2022 делумно ќе е во прекин помеѓу 09.00 и 15.00 часот поради изведување градежни работи (асфалтирање).

OhridNews