Патниот правец преку Галичица за викендов ќе биде отворен за посетители информираат од ЈУ Национален парк Галичица.
На 27-ми и 28-ми август, нема да се извршуваат предвидените активности за реконструкција на патниот правец „Дервен-Царина“ (преку Галичица) односно патот ќе биде прооден и отворен за посетители, велат од установата.
Сообраќајот на патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица од 18.08.2022 до 12.09.2022 делумно ќе е во прекин помеѓу 09.00 и 15.00 часот поради изведување градежни работи (асфалтирање).
OhridNews












