Според најновите информации од Авто- мото сојузот на Македонија, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно во зимски услови.

Коловозите се влажни со наместа остатоци од кашаст снег. На патниот правец кон граничниот премин Блаце, кај местото Вражји Вир има голем одрон и патот е отворен само во една лента каде што сообраќајот се одвива наизменично, а екипите на Македонија Пат работат на оспособување на втората лента. На патниот правец Струга – Ќафасан има воведено забрана за тешки товарни возила. Патниот правец Гевгелија – Смрдлива Вода е прооден, а останатиот дел од патот до ски-центарот Кожув се уште се расчистува. Посебна внимателност на патниот правец Дебар-Струга поради почеста појава на одрони.

На возачите им се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење по наместа влажните коловози и одржување на потребното растојание помеѓу возилата поради честата појава на одрони. Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини, а на граничните премини нема подолги чекања за влез и излез од државата.

OhridNews