Некогашните играчи на Милан, Александре Пато и Марио Балотели се потенцијални засилувања за тимот на Лацио кој има големи амбиции во новата сезона.
Реализиацијата на двата трансфери најмногу зависи од исходот на лацијалите во бараж мечот за влез во Лигата на Шампиони со Баер Леверкузен.
Пато кој беше најавуван како супер ѕвезда не го докажа тоа па од Милан се врати во Бразил додека Балотели веќе се наоѓа на „црната“ листа во Ливерпул и нема светла иднина на Енфилд.
За двајцата Лацио би била одлична шанса да се вратат на фудбалската мапа и одново да бидат страв и трепет за противничките голмани.
Ohridnews