Повремениот бразилски репрезентативец Алесандре Пато е пред враќање во Серија А, а за негова следна дестинација се споменува Интер.


Напаѓачот пет години беше дел од Милан и имаше две брилијатни сезони во дресот на „росонерите“. Честите повреди беа клучни за управата на Милан да го ослободи Пато од обврските.

– Интер е добар тим и одличен тренер. Во фудбалот и спортот никогаш не се знае што следува утре затоа не ја исклучувам можноста да преминам таму. – рече некогашниот играч на Милан.

Ако успеат „нероазурите“ да го доведат Пато во своите редови ќе им биде од големо значење бидејќи Бразилецот има акумулирано доста искуство во мечевите во Серија А и Лигата на Шампиони.

Мх.П.