Подзаборавениот бразилски репрезентативец, Александре Пато ќе биде првото засилување за германскиот стратег Јирген Клоп на Енфилд.
Англискиот премиерлигаш Ливерпул и бразилскиот Коринтијас се договориле околу трансферот за кој петкратниот европски првак ќе исплати 20 милиони евра.
Поранешниот фудбалер на Милан на Енфилд ќе пристигне во зимскиот преоден рок и треба да биде огромно засилување за нападот.
Пато во летниот преоден рок беше поврзуван со Манчестер Јунајтед, но екипата од Олд Трафрод во своите редови го доведе Ентони Марсијал од тимот на Монако.
Ohridnews











