Избледени и уништени патокази се честа слика во националнипт парк Галичица велат рекреативци кои изминатиот викенд повторно ги затекнала ваквата слика, која се провлекува подолг период.
-Не е проблем за нас кои често доаѓаме тука, но Галичица се повеќе ја посетуваат туристи и посетители од други краишта и не е во ред да нема патокази и информативни табли со корисни информации, велат рекреативци од Охрид.
На овој проблем вљубениците во Галичица предупредуваат подолг период.
OhridNews














