– Работиме на патиштата и тоа според програмата на Агенцијата за патишта. На терен сме и постојано ги расчистуваме магистралните и регионалните патни правци што се од прв, втор и трет приоритет. Патот до Корита е од четврти приоритет и затоа се уште не е исчистен, објаснува раководителот на охридската секција на „Македонија пат“, Јован Митрески.
Од локалната го повторуваат ставот дека доколку државата им одобри, ќе го исчистат патот.
– Доколку ни дадат согласност ние ќе го исчистиме овој патен правец со наши средства и опрема, затоа што е ставен и во нашата програма. Ако почнеме да го одржуваме , може да добиеме и пријави. Како општина подготвени сме да го чистиме патот барем до Корита за да можат граѓаните да одат таму на зимски излет, вели градоначалникот Петрески.
Тој додава дека минатата година општината сакала да го отстрани снегот од патот до Корита, но при тоа им биле упатени закани дека против локалната самоуправа ќе бидат поднесени кривични пријави доколку тоа го направат без одобрение.
Овој патен правец децении наназад се затвора за секаков вид сообраќај од октомври до март, со образложение дека не постои економска оправданост за негово одржување. На Галичица нема ниту пункт за орджување на патишта, а тесниот планински пат изграден во средината на минатиот век не е ни соодветно обележан и обезбеден.