Патот пред хотел Далјан кој во голема мера е оштетен по поплавите кои го зафатија Охрид и околината минатата есен, деновиве ќе биде саниран, информира градоначалникот Никола Бакрачески.

Се претпоставува дека при проширувањето на речното корито на реката Далјан, со цел да се отстранат последиците од поплавите, дошло до оштетување на патот што понатаму резултирало со пукнатини и постепено поткопување на асфалтниот дел.

Веќе презедовме низа мерки и активности со кои ќе изградиме стратегија со која за кратко време ќе се санира состојбата. И покрај тоа што не е фреквентен дел од градот и не сообраќаат многу возила, претставува потенцијална опасност за минувачите. Се надевам дека во наредните три до четири дена ќе бидат примарно санирани штетите со што ќе се озвоможи безбедно движење на возилата и пешаците, рече Бакрачески.

Проблемот деновиве беше актуелизиран од страна на општинскиот Совет за безбедност на патиштата чии претставници ја посетија локацијата по испратеното писмено известување од страна на управителот на хотелот „Далјан“ Славица Стефаноска која побарала што е можно побрзо решавање на овој случај бидејќи за еден месец хотелот ја очекува првата група туристи-хендикепирани лица кои со автобус треба да пристигнат пред платото на хотелот.

Т.К.