Патот од Подмоље до Охрид од вечерва се пушта за сообраќај, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Со директорот Коце Трајановски извршивме увид во изградбата на автопатот Кичево – Охрид. Продолжуваме со многу засилена динамика. – напиша на Фејсбук Николоски.
Според најавите, до Петровден треба да биде ставен во функција делот од автопатот од Охрид до селото Врбјани.
Целосно автопатот Охрид-Кичево треба да биде завршен до крајот на 2026 година.
Г.М.