И покрај напорите на локалното население, продолжува загадувањето на животната средина во населбата Видобишто. Имено покрај патот кој води од оваа населба до Велгошти секојдневно се зголемува сметoт што несовесните граѓани го одлагаат на оваа дива депонија.
-Иако во изминатите неколку години успешно се справувавме со несовесните граѓани кои на оваа локација депонираат отпад и градежен шут, во последните неколку месеци ниската еколошка свест на поединци придонесе тука повторно да се создаде депонија. Апелираме до општината (Сектор за урбанизам и заштита на животната средина) да изнајде начин како да се спречи понатамошното загадување, во најмала рака да се постави информативна табла дека одлагањето на отпад е забрането, но и да се испрати допис до СВР Охрид со надеж дека ќе се промени нивниот индиферентен однос кон секоја наша пријава.-стои во апелот на жителите од населбата Видобишта до надлежните институции.
За жал вакви депонии во охридско има на многу локации, што само по себе говори за ниското ниво на еколошка култура кое владее на овие простори.