Патот што води преку планината Галичица од Царина до Трпејца, од 6 часот е затворен за сообраќај поради одржување на трки со мотори, информираат од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граниќниот премин Богородица и Дојран има зголемена фреквенција на возила за излез од државата, времето на чекање е од 30 до 45 минути.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
OhridNews