
Пациенетите се обидуваат да закажат кај психијатар кој е во затвор
07.03.10 00:05
Иако психијатарот Даглас Ранк се наоѓа во затвор поради обид за убиство, тоа не ги спречува неговите пациенти да се обидуваат да закажат сеанса кај него. Тие упорно се обидуваат да го посетат својот лекар, кој ја издржува казната во окружниот затвор во општината Кентон, поради тоа што избодел една од своите пациентки.

Заменик началникот на затворот Скот Колвин изјавил дека чуварите имаат многу проблеми со неколку негови пациенти. Барањата на пациентите биле одбиени поради тоа што затворениците не смеат да се бават со својата работа од затворските келии.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com











