Првите сомневања на надлежните за причните за смрт на четири од седумте смртни случаи од грип оваа година, се дека лицата не добиле соодветен медицински третман, односно не им се давало навремено од лекот „Тамифлу“ иако спаѓале во ризична група.
Како што информира раководителот на Секторот за превентивна заштита, Јованка Костовска , комисијата ќе го проверува целосното лекување од почеток до крај.
„Ќе продолжиме со едукација кај лекарите дека тамифлу е безебеден и делотворен. Оние кои го добиле на време, уште наредниот ден се чувствувале подобро.“ – изјави Костовска.
Исто така, формирана е Комисија за вршење на стручен надзор во однос лекувањето и тоа на сите нивоа, почнувајќи од примарната па се до терцијалната здравствена заштита.
Инаку, грипот се уште е со висок интензитет. Минатата недела беа регистрирани 13 860 случаи, од кои скоро 3000 се новозаболени.
OhridNews