Театарската претстава за деца и млади „Јованче и Марика“ на Патувачкиот театар „Поклони се и падни“ од Вевчани е дел од официјална конкуренција на 51-то издание на  Фестивалот „ДАФ“ кој се одржува 25-ти до 30-ти мај во Кочани.

Претставата била изведена во рамки на вчерашната фестивалска програма, а кочанската публиката била воодушевена од изведбата на младите актери од Вевчани.

Во претставата која е во режија на Душко Кукоски играат: Славе Бебекоски, Давор Бетоски, Ева Костојчиноска, Зорица Мурџеска, Наташа Ташкова и Стефан Попаѓиноски. Автор на музиката е Перо Пешиноски, а техничката екипа која работи на претставата ја сочинуваат: Кирил Бебекоски, Ристе Костојчиноски, Томче Шутиноски.

Патувачкиот театар „Поклони се и падни“ работи во рамките на Здружението – КУД „Дримкол“ од Вевчани.   

OhridNews