Поради високите температури оние возачи кои планираат да тргнат на подолг пат, се советуваат тоа да го сторат по можност во раните утрински или доцните попладневни часови. Како што информираат од Авто- мото сојузот на Македонија, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви и чисти коловози.

И понатаму важи забраната за движење на тешки товарни возила со над 7,5 тона вкупна маса, на патниот правец Гостивар- Охрид, секој петок од 15 до 24 часот и за време на деновите од викенд од 7 до 24 часот.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

OhridNews