Американецот Џон Сенки тргнал на патување низ САД користејќи сланина како единствено средство за плаќање. Имено, кога заминал на пат, не понел ниту кредитна картичка, ниту готовина, туку 1500 килограми сланина која ја превезувал во специјален камион. Тој на својта веб страница напишал дека потребна му е помош и дека патува од од Њујорк до Лос Анџелес без пари, но со приколка полна со сланина, која ја разменува за храна, бензин и се останато што му е потребно. Целта му била да утврди дека американците ја сакаат сланината исто колку и парите.

Патувањето го организирала компанијата „Оскар Мејер“ во рамките на рекламната кампања за новата врста сланина. Џон, кој по професија е професионален актер, постојано бил следен од неколку камери, така што неговите искуства можеле да се следат на интернет. Неодамна можел да се види во Луизијана, каде за парче сланина успеал да добие соба во приватно сместување, како и да плати возење со такси.