Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и понатаму има највисок рејтинг, покажале резултатите од телефонската анкета што Институот „Павел Шатев“ ја спровел од 10-ти до 28-ми септември.
На прашањето доколку има парламентарни избори 24,1 отсто одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, 14,9 за СДСМ, 5,5 отсто за ДУИ, 4,1 за ДПА, 1,8 за НДП… Од испитаниците 28,1 отсто биле неопределени, а 20,1 отсто нема да гласаат за ниедна партија.
Од политичарите најголема доверба, 24,7 отсто, кај анкетираните има Никола Груевски, следат Бранко Црвенковски со 7,3, Али Ахмети 5,3 , Мендух Тачи 3,9, …
Со анкетата биле опфатени 6060 испитаници.