Доколку утре се одржат парламентарни избори, за ВМРО ДПМНЕ би гласале 23,2 проценти, следи СДСМ за која би гласале 13,7 проценти од испитаниците, 7 проценти ја поддржуваат ДУИ, 4,2 проценти ДПА и 1,8 проценти НДП.
Високи 33 проценти не се определиле за кого ќе гласаат, а 15,5 проценти од анкетираните се изјасниле дека не би гласале за ниту една партија.
Најголем рејтинг од политичарите има актуелниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ NНикола Груевски, а по него следат Бранко Црвенковски со 8,2 проценти и лидерот на ДУИ Али Ахмети кој има поддршка од 7,1 процент. Но, најголемиот дел од испитаниците односно 24,7 проценти се изјасниле дека немаат доверба во ниту еден политичар.
На прашањето „Дали Македонија се движи во правилна или погрешна насока“, 47,6 проценти одговориле позитивно, а 36,2 проценти сметаат дека државата се движи во погрешна насока.