Охриѓанецот Павел Стевковски на првото место на ранг листата ја заврши сезоната во развојната тениска лига во Македонија.

10-годишниот тенисер победи на еден од турнирите во развојната лига, три пати завршуваше на второто место, а останатите три учествуваше во 1/2 финалните пресметки.

Кај девојчињата охридското трио Мина Петреска, Матеа Билбилоска и Ива Кецкарова се наоѓа од втората до четвртата позиција. Прва кај девојчињата Мила Гугучевска од Битола.

Охридските тенисери ќе тренираат во затворен простор во зимскиот период и ќе ја темпираат формата за новата сезона следната година.

OhridNews