Навивачите на Црвена Ѕвезда го слават името на Милан Павков кој ги постигна двата голови во сензационалната победа над Ливерпул (2-0) во Белград. „Црвено белите“ одиграа маестрален натпревар и на крилата од публиката го решија англискиот премиерлигаш кој минатата сезона беше финалист во Лигата на Шампиони.

  • Пресреќен сум за историската победа и големиот успех. После постигнувањето на првиот погодок бев свесен што направив, а за вториот незнаев што се случува. Не успеав ниту да се израдувам одма ми се нафрлија соиграчите и почнаа да ме гушкаат. – изјави напаѓачот кој имаше безброј дуели со дефанзивците на Ливерпул и додаде – Играчите во последната линија се машини. Никого не штедат и играат многу чисто и спортски. И покрај негативата играчите од Ливерпул останаа смирени и не дозволија да ја загубат главата.
Црвена Ѕвезда со триумфот се врати во игра за пласман понатаму, а во следните две рунди ќе се сретне со Наполи во Италија и со францускиот гигант ПСЖ на домашен терен.

OhridNews