Стручниот штаб на Женскиот Фудбалски клуб “Билјани Извори“ во состав Павлески Никола и Ристески Благоја, одлучи да ја напушти позицијата во клубот. До нашата редакција пристигна допис во кој стои :

– “ Задоволство ни беше да работиме со вас. Ние за вас бевме и родители и педагози и тренери и бевме достапни 24 часа, ги решававме заеднички вашите проблеми, дали тоа беа од секојдневниот живот, проблеми со учењето или домашните проблеми. Секогаш учењето и воспитувањето го стававме пред спортскиот односно фудбалскиот дел. Приоритет секогаш ни беше од вас да направиме една здрава личност, способна да се бори во животот и да ја оправдаме девизата ” Во здраво тело здрав дух”. Задоволни сме што во овој краток период успеавме да воведеме и работна атмосфера успеавме да направиме еден здрав колектив кој покажа и докажа на фудбалски терен дека само со работа и дисциплина и остра игра нема да сме само споредна улога во женската фудбалска лига.


Во пролетниот дел ние покажавме дека сме многу подобри и од екипи кои се натпреваруваат и по неколку години во женската фудбалска лига. Нашите амбиции не беа ние само формално да се натпреварувамее во оваа лига, туку многу поголеми. Со нашата стручна работа и со вашата послушност и залагање нашите предвидувања беа ние да се бориме за пласман во првите три места и од нашиот тим да излегуваат репрезентативки за сите селекции во Македонија.


За жал како што и вие знаете денешните прилики не дозволуваат да се створат услови и клима за да се постигнат такви резултати, затоа ве известуваме дека се повлекуваме од тренерска функција. Овој клуб ние го сакаме му посакуваме се најдобро и ветуваме дека ќе помагаме доколку има потреба на други полиња. Поздрав до сите! “

Ohridnews