Вечерва кандидатот за градоначалник со членовите на советничка листа на ЛДП одржаа средба со жителите на месната заедница Радојца Новичиќ. На средбата беше презентирана програмата и спецификите за тој дел од градот,
а од жителите беа искажани нивните потреби, соопшти партиската прес служба.

Оттаму информираат и дека кандидатот за градоначалник Боро Павлоски и членовите на советничката листа од ЛДП денеска во 11:30 во изборниот штаб ќе одржат пресконференција на тема: Каде го гледаме образованието на локално ниво во следните четири години – давајќи акцент на неговата примарна функција согласно насоките на националната стратегија за развој на образованието на Р. Македонија до 2015 г.