
Најавувајќи дека членови на ЛДП во предизборниот период имаат притисоци од одредени институции, Павлоски денеска го изрази и своето убедување дека изборите на 22 март нема да бидат фер до крај.
Неговите забелешки се дека нема ниту доволен број соодветни места за плакатирање на кандидатите за избори.
„Од сработеното во првите десеттина дена во кампањата, заклучив дека граѓаните единствено што бараат е, канидатите да е ги лажат. Исто така, повеќето нивни проблеми се однесуваат од ситни комунални проблеми до отварање амбуланти и училишта во населените места“, рече Павлоски.
Носителот на листата за советници од ЛДП, Крум Арнаудов на денешната прес-конференција зборуваше за впечатокот во доменот на примарната здравствена заштита. „Сметам дека постои неорганизираност на примарната здравствен заштита која е дел од државната власт, но ние, доколку ја освоиме довербата на граѓаните, ќе лобираме, ќе покренеме иницијатива, игеренциите во овој домен да се спуштат на локално ниво“, изјави Арнаудов и додаде дека секое населено место треба да има 24-часовна примарна здравствена заштита, за што е неопходно формирање медицински екипи од доктор и сестра.
А.Р.











