
„И покрај сите пречки успеавме да воспоставиме контакт со граѓаните“, образложи Павлоски. Спорд него, од особена важност е изборите да бидат мирни, достоиствени, фер и демократски.
„Изборите, секако ќе поминат, но граѓаните не треба да доаѓаат во меѓусебен конфликт. Еден од кандидатите ќе биде градоначалник, а останатите треба да му помогнат со своите програми“, рече Павлоски.
Тој изрази надеж дека шесте кандидати ќе бидат дел од заедничка емисија во медиумите, зашто како што рече, охриѓани заслужуваат да ги слушнат сите изборни програми и планови.
А.Р.










