ЛДП продолжува со предизборните активности.

Синоќа претствници на партијата остварија средба со жителите на Косел, Ливоишта и Вапила, кои кажаа дека сите досегашни кандидати ветуваат многу нереални проекти и нереални начини за решавање на проблемите , од кои ги издвоија проблемите со ЕМО и водоснабдувањето и со фамозниот пат Ливоишта-Требеништа.

Од кандидатот за градоначалник Боро Павлоски, на жителите им беше сугерирано да настапат заеднички со своите барања без разлика од која политичка партија се, заради поуспешно и реално решавање на проблемите. Од присутните беше потенцирано дека кандидатот на ЛДП со својата советничка група досега има најреален пристап за решавање на проблемите во овие населени места, информираше партиската прес служба.

Ohridnews