Охриѓанецот Огнен Павлоски беше дел од ултрамаратонот кој во чест на трагично починтиот Тоше Проески  се трчаше од Нова Градишка до гробот на Гумење во Крушево.


Експедицијата беше составена од 16 маратонци кои по тешки временски услови штафетно ги претрчаа 1100 километри во чест на мега ѕвездата. За време на ултрамаратонот македонските атлетичари се менуваа на секои 20 до 40 минути , односно на претрчани 5 до 10 километри, додека во поголемите градови сите трчаа заедно.



Саботата во 6:16 тргнавме од стадионот во Нова Градиска од каде што било подигнато со хилихоптер телото на Тоше, каде е изграден и споменик. На стартот не испратија фановите на Тоше од Хрватска. Од самиот старт имавме проблеми со дождот кој не пратеше низ цела Хрватска. После 20 часа трчање стигнавме на српската граница. Во Белград стигнавме во 5 часот изутрина и таму имаве неколку часовен одмор, а потоа имавме едно часовно дружење со фановите на Тоше од Србија – вели Павловски кој за прв пат беше дел од овај ултра маратон.

Во Македонија експедицијата во Скопје беше пречекана од фан клубот на Тоше  и градоначалникот Коце Трајановски. По одморот во арената “Борис Трајкоски“ маратонците ја посетија населбата Ново Лисиче каде пред неколку месеци беше изградена фонтана во чест на Тоше. На пладне пристигнаа во Крушево каде беа пречекани од голем број крушевчани.

Маратонот беше доста напорен. Иако според претрчаните километри 60-80 км за 78 часа не изгледа екстремно напорно, но краткото време за одмор помеѓу две етапи (5-8 часа) кои ги поминувавме во комбе го прават овај маратон многу напорен. Но сите маратонци знаевме за кого трчаме и дадовме се од себе – истакна Павлоски.

За мене, вели тој, трчањето на овај маратон беше голем предизвик,. „Се оди до крајните граници на издржливоста , но е исто така голема чест и гордост што трчам во чест на Тоше Проески“-истакна Павловски.


Од фондацијата „Тоше Проески“ велат дека од следната година маратонот ќе биде интернационален. За Тоше на четири годишнината од неговата смрт ќе трчаат маратонци и обожаватели од Македонија,Бугарија, Србија, Словенија и од Хрватска.

М.Постоловски