Граѓаните на Република Македонија од денеска ќе можат да ги користат услугите на PayPal Sendi, најголемиот сервис за он-лајн плаќање, со што земјава и официјално влегува во групата на PayPal.

Ова, како што информираат од Министерството за информатичко општество и администрација, е резултат на разговорите кои на највисоко ниво се воделе уште од 2007 година, при што изминатиов период Република Македонија била ставена на нивната приоритетна листа за користењето на услугите на PayPal.

Претходно од страна на Министерството беа исполнети сите предуслови за доаѓањето на PayPal и беше усогласена неопходната законска регулатива.

– Контактите на Министерството за информатичко општество и администрација и оваа компанија и натаму ќе продолжат со цел понатамошно унапредување на соработката, посочуваат од МИОА.

OhridNews

PayPal Sendi